Седумдесет и шестгодишна стружанка е тешко повредена откако во неа удрило товарно возило на улицата „Димитар Влахов“ во Струга.
Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 11:20 часот. Возилото „фиат добло“, со струшки регистарски ознаки, било управувано од 30-годишен жител на Струга. Во несреќата В.П. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струга.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.
