Истрага за три лица за потпалуавње на депонијата Буково

Три лица се под истрага за загрозување на животната средина и природата со отпад, откако на 17 септември кај депонијата „Буково“ палеле отпадни кабли за да ги издвојат бакарните жици. При согорувањето се создал чад и во воздухот биле испуштени штетни материи, соопшти Основното јавно обвинителство Охрид.

Тројцата претходно биле лишени од слобода од страна на полицијата. Кај депонијата било забележано и товарно возило натоварено со кабли и друг материјал.

Обвинителството за тројцата осомничени побарало притвор поради опасност од бегство и можност да влијаат врз сведоци во постапката.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани