„Безбеден град“ од 12 октомври и во Охридскиот регион

Системот „Безбеден град“ од 12 октомври треба да започне со работа и во Охридскиот регион. Во завршна фаза е подготовката на командниот центар во СВР Охрид, кој ќе биде клучен за практичната примена на системот на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

„Имаме уште околу две недели да ги завршиме преостанатите активности околу командниот центар и овој паметен систем да го ставиме во функција и во овој дел од државата“, изјави денеска во Охрид министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски беше во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад. На средбите со раководствата се разговарало за борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, јавниот ред и мир, како и безбедноста во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ предвидува користење на современа технологија за следење на сообраќајот и регистрирање прекршоци, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани