По завршувањето на градежните активности на првиот дел од улицата „7-ми Ноември“, продолжува реализацијата на следната фаза од проектот за реконструкција.
Втората фаза ќе се реализира во две подфази. Првата ќе го опфати потегот од фабриката „Братство“ до ООУ „Братство Единство“, а втората од училиштето до пресекот со булевар „Туристичка“.
Со проектот е предвидена санација на атмосферската канализација, изградба на нови и безбедни тротоари, подземно поставување на каблите и останатата инфраструктура, нов асфалт и целосна реконструкција на коловозот, како и поставување ново улично осветлување.
Од локалната самоуправа апелираат до сите учесници во сообраќајот за разбирање и почитување на привремениот сообраќаен режим додека траат градежните работи.
