Полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 23-годишен жител на Струга, кој управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.
Како што информираат од СВР Охрид, настанот се случил на 11 ноември, во 01:55 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга. При контрола во патниот сообраќај бил запрен автомобил „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.А. (23).
При проверката било утврдено дека возачот нема возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
