Забранета водата за пиење во Опеница поради присуство на бактерии

Водата од водоснабдителниот објект, односно изворите во селото Опеница, не е безбедна за пиење. По извршените лабораториски анализи преку Центарот за јавно здравје Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство донела решение со кое се забранува нејзино користење за пиење.

Анализите покажале микробиолошка контаминација, односно присуство на бактеријата E. coli и колиформни бактерии.

Со решението се задолжува Месната заедница во Опеница да постави јасно и видливо известување дека водата не е за пиење.

Забраната останува на сила согласно решението на Агенцијата за храна и ветеринарство, а жителите треба да се придржуваат до предупредувањето и да не ја користат водата за пиење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани