Советниците во Охрид одржаа седница со 60 точки на дневен ред

Со обемен дневен ред од 60 точки, денеска се одржа осумнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид.

Најголем дел од дискусиите во првиот дел од седницата беа посветени на деветмесечните извештаи за работењето на јавните претпријатија, општинските институции и секторите во локалната самоуправа.

Во продолжение на седницата советниците разгледуваа измени и дополнувања на програмите за работа на општинската администрација, како и ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година.

Како што информираат од Општина Охрид, сите точки од дневниот ред биле усвоени со мнозинство гласови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани