Две лица од селото Мешеишта, меѓу кои и 16-годишно момче, биле фатени при бесправна сеча на дрва во месноста „Копрница“, во атарот на селото Мешеишта, општина Дебрца.
Како што информираат од СВР Охрид, на 16 ноември, околу 16:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Т. (38) и 16-годишникот, двајцата од Мешеишта.
При полициската контрола, лицата биле затекнати како со моторна пила бесправно сечат дрва и ги товарат во две патнички возила – „опел фронтера“ и „сангјонг“, и двете без регистарски таблички.
Бесправно исеченото огревно дрво, како и двете возила, биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
