Кривична за нелегален хотел во Охрид

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против 67-годишен жител на Кавадарци и правно лице во негова сопственост, поднесе СВР Охрид.

Според полицијата, пријавениот, во својство на надзорен орган, составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс во Охрид, на катастарската парцела „Елшани“, иако знаел дека објектот е изграден спротивно на издаденото одобрение и дека во комплексот има нелегални градби.

Против него и правното лице е поднесена пријава за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани