19-годишна девојка од охридско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговите родители во нивниот дом во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 27 ноември во 15:40 часот. Девојката пријавила дека физички ја нападнале нејзиниот невенчан сопруг Н.Д., неговата мајка Л.Д. и татко му З.Д.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
