Четириесет нови садници од видот Catalpa nana (топчеста каталпа) беа засадени во околината на спортскиот центар „Билјанини Извори“, во рамки на петтата акција за пошумување „Сончева Гора“.
Акцијата е дел од активностите за зголемување на зелените површини и подобрување на квалитетот на животната средина во Охрид. Садењето беше реализирано во соработка со Општина Охрид и партнерите на еколошката иницијатива „Generalka Weekend“.

Од Општината информираат дека годинава, благодарение на поддршката од партнерите, општествено одговорните компании и приватните донатори, низ земјава се засадени вкупно 5.000 дрвја во 19 општини.
Новите садници во Охрид се дел од пошироките активности за унапредување на урбаното зеленило и создавање поздрава животна средина.
