„Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“ беше мотото на регионалниот настан што синоќа се одржа во Охрид, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Охрид.
На настанот учествуваа членки на Унијата на жени од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца, а присуствуваа и пратеничките од Охрид, како и пратеникот и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.

Во фокусот беше потребата од заедничко дејствување, погласно говорење и поголема општествена ангажираност во борбата против насилството врз жените.
Од организаторите посочуваат дека настанот има особено значење бидејќи се одржува во Охрид, каде што јавноста неодамна беше вознемирена од случај на насилство.

Со пораката „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, учесничките упатија повик за солидарност, поддршка и заедничка борба против сите форми на насилство.

