Младенци – празник на љубовта, верноста и брачната жртва

Празникот Младенци се одбележува во чест на светите 40 војници кои во 320 година го прифатиле христијанството, и покрај забраната на тогашниот цар. Овој ден носи силна порака за вера, љубов и истрајност.

Светите војници, кои служеле во римската војска, биле изложени на сурови мачења поради својата вера во Исус Христос. Најпрво биле бичувани, а потоа биле овенчани со венци – симбол на Христовата љубов, по што биле убиени. Венците и денес ја носат својата симболика – царска, маченичка и духовна, укажувајќи дека бракот бара верност, жртва и заедништво.

Празникот Младенци е посветен и на младите брачни парови, кои треба да ја негуваат љубовта и меѓусебната почит, без оглед на искушенијата.

За овој ден се врзуваат и бројни народни обичаи. Жените традиционално стануваат рано и месат 40 колачиња, симбол на долг, среќен и благ живот. Колачињата се печат и се премачкуваат со мед, како знак на слатка и хармонична брачна заедница.

Посебен белег на празникот е посетата на младите брачни парови, кога гостите доаѓаат со подароци. Се верува дека на Младенци треба да дојдат сите што биле поканети на свадбата, со што се продолжува радоста од заедничкиот живот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани