Денеска на Денот на пролетта и првиот ден од изборната кампања, се работеше во охридската касарна и на улицата „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“.
Јавните претпријатија во соработка со општина Охрид започна акција за адаптирање на терените за мал фудбал и кошарка кај некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Целта на проектот е преку оплеменување на спортските површини, охриѓани повеќе да спортуваат и да се насочуваат на здравите животни навики.Претходниов период ЈП „Охридски комуналец“ работеше на чистење на дворниот простор од касарната што изминативе неколку години не беше пракса.
Денеска, на дел од улицата „Ванчо Николески“ кој што подолг период беше оштетен започнаа активности за санација. Активностите се одвиваат на улицата “Ванчо Николески“, на потегот од Кеј “Македонија“ до пресекот со улицата “Партизанска“.
Во моментов се работи на проект за целосна нејзина реконструкција која опфаќа и обновување на тротоарите, а по изготвувањето на проектот ќе се пристапи кон нејзина целосна реконструкција.


