Академската фела загрижена за статусот на Охрид под Унеско

Се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и за легализација на бесправно изградени објекти во Охрид.

 Времено се прекинуваат и постапките за изработување и донесување на урбанистички планови и урбанистички проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови и документации.

Овие активности ќе продолжат после  донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство, кое се очекува да се случи за околу шест месеци. На вчерашната седница владата  го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ.

Овој потег е чекор напред  во битката Охрид  да го зачува статусот на заштитено светско природно и културно наследство под капа на УНЕСКО.

-,„Таа интервенција и заложбата на градоначалникот  коинцидираат во насока на избегнување на понатамошните проблеми во секторот на заштита на животната средина.  Мене ми влева надеж дека оние одговорни лица посебно на локално ниво веќе се мобилизирани околу проблемот со статусот кој може да биде девастиран или загрозен “,  вели професорот  Науме Мариноски.

 Унеско е врвна  светска институција во заштитата, а  Охрид како еден од ретките,  вброен меѓу 28 те градови во светот кои изобилуваат со природно и кутлруно наследство,  е брендирана Унеско дестинација.

Научната фела загрижена, со губење на статусот на УНЕСКО  градот ја  губи  главната туристичка вредност.

– „Заштитата на Унеско претставува пасош. Кога сте обдбрани во тој мал круг на места кои изобилуваат со знаајно култруно природно богатство нема да ви биде сеедно ако на некој начин ви биде одземен тој пасош“, вели Иванка Нестороска професор на ФТУ Охрид.

„Ние ќе го изгубиме брендот. Ние сме брендирана Унеско дестинација а светот тоа го препознава и ние амксимално треба да се грижиме во рамките на Унеско да изнајдеме нови содржини за заштита значи заштитата треба да биде приоритет“, потенцира Мариноски.

Да се биде дел од Унеско семејството е чест и привилегија. Охрид цели 40 години е на листата на заштитени подрачја, но деновиве комисијата предложи градот да се најде на листата загрозено светско богатство.

Причина е несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој предизвикан од силен притисок од туризмот.

Дали градот ќе го сочува вредниот Унеско бренд  ќе се одлучува на конференцијата на Комитетот за светско наследство во јуни  во Баку.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани