Активистите од „Чист Охрид“ продолжуваат со еколошките акции во градот и регионот. Деноввие се одржа триесеттата по ред акција во која се чистеше околината на скалестата зграда.
-Граѓаните кои живеат во зградите напоменаа дека делот со тревниците се чистел вчера, меѓутоа од денешните фотографии може да се види дека чистењето било крајно неефикасно и површно – а оттука и нашите резултати. На теренот можеше да се забележи најразличен вид отпад, десетици стаклени шишиња, шприцеви и слично. Исто така тие ни пристапија најљубезно и се понудија да ни дадат на располагање алатки како гребла со цел поефикасно да ја завршиме акцијата. Се надеваме дека со оваа акција ќе поттикниме станарите во истите згради да се координираат во состав на куќниот совет и да превземаат акција на “своја рака”, информираа од „Чист Охрид“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
