„Аналфабет“ на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово

Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ во вторник ќе настапи на 20 Меѓународен тетарски фестивал „Денови на комедија 2017“ во Куманово.

Со пригодна свеченост, фестивалот „Денови на комедијата 2017“ ќе биде отворен со претставата „Целото тело тука ме боли“ во режија на Никола Пејковиќ, на театар Јазавац од Бања Лука, Босна и Херцеговина.Годинешниот фестивал во Куманово ќе понуди 15 претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија, Косово и Босна и Херцеговина. Учество на фестивалот земаат професионалните театарски куќи, меѓународни театарски институции, како и независни театарски продукции. Фестивалот е единствен директно насочен кон етаблиеање на комедијата во Македонија и како фестивал со меѓународен карактер. Фестивалот „Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и локалната самоуправа. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани