Комедијата “Аналфабет” на Охридскиот народен театар, е меѓу номинираните 11 претстави во официјалната селекција во трка за награди, на годинешното 52- то издание на Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински”.
Во официјалната селекција во трка за награди годинава, покрај „Аналфабет“ се и следниве десет претстави: “Figurae Veneris Historiae” (Љубовни пози на историјата) на Прилепскиот театар; “Злосторство и казна” на Битолскиот театар; “Трудна приказна” на Театар Комедија од Скопје; “Плавиот-кучето” на Албански театар-Скопје; “Хај-фај” на Кумановскиот театар; “Лазаревото писмо” на Штипскиот театар; “Отело” на Турски театар-Скопје; “Џон Габриел Боркман” на Струмичкиот театар; “Копање” на Македонскиот народен театар и претставата “Ана Комнена” на Велешкиот театар.
Инаку, со претставата “Венецијанскиот трговец” на Шекспир во изведба на Драмски театар-Скопје, вечер во Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворен 52- то издание на Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински”. На отворањето на фестивалот ќе му биде врачена наградата за животно дело на Митко Маџунков.Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” ќе трае до 16 јуни, а на завршната вечер во чест на наградените Македонската опера и балет ќе го изведе мјузиклот “Тајно моја” во чест на Тоше Проески. Поради голем интерес, најавени се две изведби на мјузиклот.