Анализа на ФТУ: Субвенционирањето на тур оператори дава одлични резултати

Субвенционирањето на  тур операторите,  кои носат туристи во земјава дава одлични  резултати.

Ова го покажа анализата која ја спроведе Факултетот за туризам Охрид.  Субвенциите  за странски тур оператори кои носат гости со остварени минимум три ноќевања се воведени првично за туристи  од земјите на  Бенелукс во 2011 година.

Државата потрошила 8 милиони евра за субвенции ,  а само лани остварила 300 милиони евра  дирекни приходи од туризам од кои околу  50 милиони завршиле во буџетот на Р. Македонија.

– „Може да се види навистина оној скок на бројот на туристи и остварени ноќевања од 2011 година па наваму. За разлика од тој пазар Бенелукс каде имаме драстичен скок, а после тоа имаме заситување на бројот на туристи кај другите држави кои се субвенционирани имаме континуиран пораст. Таков е примерот  со Шведска, Турција, Полска“, вели професорот Цветко Андреески декан на ФТУ Охрид.

Експерите предлагаат да се прошири субвенционирањето  на туристи од други земји, особено да се насочи кон привлекување на гости од  Германија и околните држави.

– „Треба да се направат конекции со тур оператори од овој регион. Порано имавме наши економски промотори кои што ги промовираа можностите на Македонија и тие дадоа резултати во одредени држави. Ако го видиме бројот на пристигнати туристи од Германија пред осамостојувањето  ќе видиме дека тие после холандските туристи беa во најголем број во тогашна Македонија. Мислам дка има простор тука да се направи добра промоција и да се зголеми бројот на туристи од оваа држава, која е големо емитивно подрачје“, додава Андреески.

Во Србија се субвенционираат и угостители, компании за одржување на хигиена зеленило и паркови. И нашата земја треба да ги прошири субвенциите, сугерираат експертите.

-„Мислам дека треба да се направи комбинација. Не треба да се отстапи од овој модел кој што го имаме и  дава резултати.Треба да сее види кои пазари се стигнати во заситување,  а кои пазари се се уште растечки. Поголемиот дел од емитивните зони се се уште растечки што е добар показател за Р Македонија што значи треба да очекуваме пораст на бројот на туристи и идните години. Го немаме достигнато врвот“, додава Андреески.

Македонија субвенционира тур оператори од Холандија, Белгија, Полска, Шведска, Англија, Израел и други земји.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани