Ангелоска: Охрид ќе биде општина по мерка на граѓаните

Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, која воедно е дел од тимот на кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески ветува општина по мерка на граѓаните.

 

-„Современите општествени текови и динамиката на модерното живеење ја наметнуваат потребата од поквалитетни ипобрзиуслугиза граѓаните одстрананаопштината.Токму затоа нашата цел е да преземеме соодветни мерки за поголема ефикасност наопштинската администрација.
Веќе имаме рализирано конкретни активности за воведување на електронскиот систем„Муни“, кој ќе овозможи поголемаинтеграцијамеѓуопштинскитесектори и јавнитепретпријатија, вонасоканаподобра и поквалитетна услуга.Апликацијатаќебидедостапназа граѓаните на нивните смарт уреди, при што електронски ќе можат да плаќаат месечнисметкизакомунални услугиилидакомуницираат директно соопштинскитеслужби, коисезадолжени зарешавањенанивниот конкретен проблем.Исто така со цел да сеподобрат опшинските услуги планирана е имплементацијанаГеографскоИнформативенСистем (ГИС), којќесодржипросторнолоцирани ГИС базинаподатоцизатериторијатанаопштинаОхрид. Тие ќе бидат распоредени закористење во главните сфери на интерес и заразлични намени како што се урбани единици, улици,градежни парцели,објекти и подземен катастар. За изработка на ваквите бази на податоци, општината веќе има аплицирано на проект кој ќе биде реализиран со средства од странски фондови“, рече Живка  Ангелоска од тимот на Георгиески. 

Во насока на зголемување на нивото на транспарентноста на општината и посоодветно пласирање на информации од јавен карактер, веќе е изготвена нова и редизајнирана општинска веб страница, која веќе е ставена во функција, подвлече Ангелоска. 

-„Обновената веб страница ќе им овозможи на граѓаните и на медиумите полесно пребарување и изнаоѓање на потребната информација.

За да се подобрат условите за граѓаните во урбаните и руралните зони
општината планира да преземе мерки за зголемување на капацитетот на месните и урбаните заедници,преку обука на членовите на месните управи. Ова има за цел да го зголеми нивото на партиципативност во донесување на одлуките на локално ниво.

Ворамки на општинската зграда, во иднина е планирано обезбедување на посебни инфо пултови и приемни шалтери на кои граѓаните ќе можат полесно да се информираат и да бидат упатени како најлесно да можат да ги завршат своите обврски. Ќе биде воспоставена и ефикасна телефонска и електронска комуникација преку отворени телефони за прашања и поплаки.

Нашата цел е да бидеме општина по мерка на секој граѓанин. Постојано сме отворени за соработка и подготвени да се менуваме и подобруваме! Само заедно со Вас, граѓаните и со вашите предлози може да постигнеме многу повеќе за нашата општина!

На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник Д-р Константин Георгиески! Заедно напред, За Охрид!“, повик Ангелоска.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани