Отстранет дефектот, ангиографот во Заводот за кардиологија Свети стефан во Охрид ставен во функција.
-„Со задоволство Ве информираме дека после извесен прекин со работа на Катетеризационата лабораторија заради дефект на Ангиографот, истиот е отстранет.
Катетеризационата лабораторија повторно е во функција 24 часa дневно во континуитет.
Остануваме посветени на зачувување на здравјето на нашите пациенти и отворени за соработка со сите здравствени установи во регионот“, информираат од ЈЗУ Кардиолошки завод Свети Стефан.
На апаратот два месеци беше расипан дел кој чинеше стотици илјади евра.
Пациентите во критична состојба се префрлуваа на клиниката за кардиологија во Скопје. Ангиографот е медицински апарат, кој служи за третман на пациентите со акутен инфаркт и стентирање.
