АПЕЛ: Да и помогнеме на 15 годишната Сара од Охрид !

Апел за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, која  боледува од леукемија  Anemia Аplastica.

 

Во најкраток можен рок треба да се изврши  трансплантацијата на коскената срж мошне тежок и трновит пат како единствената шанса за целосно излекување и враќање во нормален живот.  Нашиот син Виктор Настески, кој има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. Трансплантацијата на коскената срж сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од Република Македонија, на иста вораст и дијагноза е причината поради која веруваме во нив. Нашите финансиски можност не дозволуваат да ги платиме трошоците за лекување, кои се над 200.000 евра во зависност од времетраењето на лекувањето,  стои во апелот на семејството Настески.

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани