Слаб интерес за згрижување деца во Охрид

Во Охрид има само три згрижувачки семејства, кои се грижат за осум деца.

После големата национална кампања за згрижување на деца, во градот се пријавиле само две заинтересирани семејства од кои едното е во процедура, а другото веќе се откажало. Интересот загрижувачки , во споредба со Прилеп, каде има 19 пријавени семејства.
Децата од Охрид на кои од разни причини им е потребно интервентно, привремено или постојано згрижување се носат во други градови.

– По однос на интересот на граѓаните на Охрид да станат згрижувачки семејства морам да кажам дека морам да изразам едно разочарување во однос на останатите градови. Ние имаме деца наши од Охрид кои што сме ги згрижиле во други градови. Имаме деца згрижени во Кривогаштани прилепско, таму имаме три деца, две деца во Кршево и едно детенце со тешка психомоторна состојба исто така згрижено во Крушево. Значи поради недостаток на згрижувачки семејства во нашиот град ние мораме да користиме семејства во останатите градови“ ,вели Жанета Николоска Стојковска.
Државата плаќа месечен надомест за згрижените деца од 8 400 до 9760 денари плус детски додаток. Целта на ваквите семејства е да обезбедат топол и безбеден семеен дом и здрави животни навики за разлика од атмосферата во домовите за деца.

– „И покрај големата стручност на стручните лица во домовите знаете дека тоа е една вонредна средина тоа не е природна биолошка средина во која детето е опкружено со семејство со мајка и со татко, со братчиња и сестричиња сепак е една друга средина во која детето не ја добива комплетната љубов и грижа која што би ја добивало од сопствените родители. Видете во згрижувачките семејства ако подолг период престојува детето од 2 години до 18 години помеѓу згрижувачите и децата веќе се создаваат родителски односи токму онакви какви што се создаваат во биолошкото семејство“ додава Стојковска.

Згрижувачко семејство може да биде секое семејството кое ги исполнува условите, да биде морално подобно, работо способно и во добра здравствена состојба, но и стамбено способно да има одделна просторија за згрижените деца кои останале без родителска грижа. После тоа следува посебна обука, едно семејство може да згрижи најмногу до пет деца без родителска грижа.
Само едно дете може да биде згрижено доколку тоа е сторител на кривично дело, дете со воспитно социјални проблеми или жртва на семејно насилство и едно дете со тешки психички преки во раавојот.
Во моментов нема деца во Охрид кои чекаат згрижување, но мора да има згрижувачки семејства кои ќе бидат подготвени да згрижат деца на кои им е потребно интервентна грижа.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани