Апел: Погребите да се извршуваат без ракување во потесното семејство

Во однос на досегашните погребувања ние вложивме големи напори да ги организираме погребите согласно настанатата состојба и да ги советуваме граѓаните кои доаѓаат на погребите, информираат од погребалното претпријатие Мирен сон.

Погребите с е прават на отворен простор со намалено време на изложување. Ручек после погребите повеќе не се дава. Присутноста на граѓани е намалена , меѓутоа сеуште бројот на граѓани кои доааѓаат на погребите е многу голем. Со цел и ние да допринесеме во борбата со опасниот вирус уште од почетокот излеговме и излегуваме со апели и совети за граѓаните на нашата веб страна и на социјалните мрежи. Кај нас направивме реорганизација и од денес најголемиот дел од орагнизацијата на погребите покрај на досегашниот начин ќе го вршиме и телефонски со што ќе го намалиме и ризикот за семејствата и за нас како погребални оператори. На погребите има и премногу блиски контакти што претставува голема можност за евентуално ширење на вирусот , а со тоа собирите за погреб претставуваат голем ризик за евентуално ширење на вирусот . Спред нас најдоброто решение граѓаните да се заштитат од евентуалното ширење на вирусот ва оваа област е погребите да се сведат на присуство само на најтесното семејство, а граѓаните сочувството да го изразуваат по телефон. Иако овај начин е најнепопуларниот сметаме дека е најдобриот начин за заштита на населението. Денес и Министерот за Здравство излезе со апел погребите да се прават во кругот на потесносто семејство. Во очекување сме дека надлежните институции во најскоро време ќе донесат конкретни мерки и одлуки за заштита на населението од ширење на Корона вирусот во областа погребување, информираат од Мирен сон.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани