Апел за помош: Да го оствариме сонот на Мартин од Дрслајца!

Охрид и Струга заедно сплотени за гомалнот на ФК Лабуништа  Мартин.

Како што веќе објавивме на 23 годишниот Мартин Стојаноски му се потребни финансиски средства за лекување во Русија,  после тешката сообраќајна несреќа пред околу еден месец. Поради тешките повреди Мартин е врзан за  инвалидска количка. 

Денес ги имаме и броевите и сметката за собирање на пари. Потребни се 150 000 евра за лекување на Мартин за тој повторно да може да оди, а воедно  и да му се оствари сонот да се врати пред голот на фудбалското игралиште. 

Да бидеме хумани сите да донираме на телефонските броеви 

За Мартин повторно да застане пред голот, неговиот тим,  веќе од вчера започнува со низа хуманитарни акции. Во сабота со сите сили ќе се обиде да извојува победа, но и да привлече што побројна публика. 

„Ги повикувам сите хумани луге да дојдат да купат карта и да бидате дел од хуманитарниот натпревар во сабота. Сите да бидат во 16 ч на стадион во Струга заедно да помогнеме за лекување на нашиот Мартин“, вели директорката на клубот Ивана Лескароска. 

Да го оствариме сонот на ова прекрасно момче! 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани