Апсен на Ќафасан, затворен во Охрид

48 годишен албански државјанин жител на градот Корча, синоќа бил задржан во охридската полиција откако претходно полицајците го апселе на граничниот премин „Ќафасан“.

Струшкиот суд му одредил мерка притвор а потоа пренесен во охридскиот затвор. Како што соопштува Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, во полициска станица Охрид бил задржан A.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на ГП „Ќафасан“ а врз основа на издадена меѓународна потерница. Димоски додава дека, во текот на вчерашниот ден, жителот од Корча бил изведен пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција.
-Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани