50 години Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Годинава се слави јубилејното 50 издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура со кој Охрид – градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика.

Од 17 јуни до 2 јули 2017 година, скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид ja организира веќе традиционалн 50. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Во рамките на Семинарот, на 17 и 18 јуни ќе се одржи 44. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Тема на лингвистичката секција: „Македонскиот јазик меѓу традицијата и новите мултидисциплинарни современи аспекти на лингвистичките истражувања“, додека на литературната секција: „Македонската литература низ призмата на современиот културен миг во светот“. Летната школа со своите активности започнува на 17 јуни 2017 година. Наставата се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. За таа цел, предвидени се секојдневни тематски предавања, од кои Предавањата ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници. Покрај предавањата, учесниците во попладневните термини ќе ги следат курсевите по избор кои ќе ги раководат специјалисти од соодветните подрачја, а преку нив учесниците ќе можат поконкретно и интерактивно да се запознаат со најновите истражувања што се предмет на нивниот интерес. Покрај предавањата, учесниците во попладневните термини ќе ги следат курсевите по избор кои ќе ги раководат специјалисти од соодветните подрачја, а преку нив учесниците ќе можат поконкретно и интерактивно да се запознаат со најновите истражувања што се предмет на нивниот интерес. Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата и сл.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани