Македонски документарец што го освои светот ќе биде прикажан во Струга.
Македонскиот документарен филм „Avec l’amour!“, утре ќе биде прикажан во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Документарецот кој ги освои симпатиите на пребирливата публика низ цела Европа, во Струга ќе биде прикажан со почеток во 20:00 часот, по што ќе следи концерт на белградското трио „Репетитор“, „Сетстат“, Мирко Попов и Дџ сетови на Виктор Апостолски и Андреас Херц.