ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија која секогаш се држи до своите ветувања.
Тоа најдобро се согледува врз основа на отчетите со кои ВМРО ДПМНЕ излегува на сите изборни циклуси, рече на денешниот прес актуелниот и кандидат за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски.
– Исто така и Програмите со кои излегуваме пред народот се Програми кои произлегуваат од Вашите барања. Затоа ние како партија сме блиску до народот. За Општина Дебрца можеме годро да утврдиме дека не само проектите од претходнта програма туку и многу повеќе реализиравме. Но секогаш знаеме дека никогаш не е доволно, а тоа произлегува од фактот што во претходните 16 години во Дебрца беше направено многу малку. И се обидевме во 4 години да направиме многу повеќе отколку нашите претходници што направија за 16 години. И ќе продолжиме со тоа темпо, и низ различни области. Особено она што го наследивме како област која навистина беше во катастрофална состојба е патната инфраструктура во Општина Дебрца.Затоа би сакале да ви укажеме дека во изминатиов мандат во однос на патната инфраструктура го направивме следново:
– Реконструиран локалниот пат од Село Злести до село Лешани
– Реконструиран локалениот пат од село Сливово до спојот со Автопатот
– Реконструирани локални улици во село Ботун во должина од 1 км
– Реконструирани улици кои се поврзуваат со локалната патна инфраструктура во селата Мешеишта и Ботун
– Асфалтирање на регионален пат Ботун – Белчишта – Лешани со должина од 6 км
– Асфалтирани локални улици во селата Ново Село, Оровник, Требеништа, Ботун, Песочани, Лешани, Горенци, Белчишта и другите населени места
– Извршено санирање на ударни дупки на локални улици во повеќето населени места
– Тамониран локален полски пат од село Требеништа до село Волино
– Тампонирани локални улици во селата Врбјани, Брежани, Лактиње, Мешеишта и други населени места или вкупно 14,2 км асфалтирани и тампонирани патишта
Но во наредниоте 4 години Ве уверуваме дека Општина Дебрца ќе има подобрена патна инфраструктура со реализацијата на следниве проекти:
– Изградба и реконструкција на локален пат од село Белчишта до село Злести
– Реконструкција на локална улица во Мешеишта во должина од 1 км
– Реконструкција на локален пат од село Арбиново до спој со Автопат
– Изградба на локален пат од село Ботун до Црква Св. Богородица
– Реконструкција на локален пат од село Волино преку Требеништа до спој со Автопат
– Реконструкција на локален пат од село Волино преку Мешеишта до спој со Автопат
– Реконструкција на локален пат од село Злести до спој со Регионален пат
– Тампонирање на локален пат од село Брежани со манастирот Св. Петар
– Тампонирање на локален пат од село Долно Средорече до Село Грко Поле
– Тампонирање на локален пат од село Издеглавје до Црква Св. Димитрија
– Асфалтирање на локални улици и крпење на ударни дупки во сите населени места
– Тампонирање на локални улици и полски патишта во повеќето населени места
Почитувани, Вие знаете дека нашето ветување значи и реализација. Од Тоа неотстапуваме. Затоа заеднички на 15 октомври да добиеме уште една историска победа за Општина Дебрца со заокружувањее на бројот 13 за продолжување на градоначалничкиот мандат како и за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Да одиме секогаш со работа до успех.