Својата непристојност ја искажала во ресторант во Охрид.
Како што информираат од канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, „На 24.06.2019 година околу 18 часот и 30 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно однесување извршено од Е.С.М.(33) од Перт-Австралија“.
– Таа е приведена во СВР Охрид и против неа, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.