АВСТРАЛИСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Австралиската амбасадорка во Белград, ополномоштена за Република Македонија, Џулија Фини, денес беше во работна посета на Охрид.

Амбасадорката, заедно со  охридскиот градоначалник го посетија  Дневниот Центар “ЗРАЦИ“, каде неодамна се релизира проектот “Охрид без бариери“, со донација од ДАП (Direct Aid Program) на Австралиската амбасада, во висина од 5926 австралиски долари. При посетата, австралиската амбасадорка Џулија Фини на штитениците на домот им врачи пригодни подароци и го изрази своето задоволство што е повторно во Охрид и во посета на децата во Дневниот Центар ЗРАЦИ.Со средствата од вториот грант, Дневниот Центар ЗРАЦИ набави гарнитура за седење, канцелариско биро, електричен шпорет, компјутер и печатар со скенер, телевизор, машина за миење садови и изработка  и монтажа на тенда со челична конструкција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани