Од што починал градежен работник од Струга?

Сеуште е непозната причината за смртта на 61 годишниот В.М. градежен работник од Струга. До крајот на денов,по наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот треба да се изврши обдукција.

Лекар од охридската болница „Свети Еразмо“ во полиција пријавил дека кај нив е донесено телото на починатиот шеесет и едногодишен работник. Според полициското соопштение, вчера околу 15.00 часот во болницата „Св.Еразмо“ Охрид,бил донесен починат В.М. (61) од Струга.

Работникот бил вработен во фирма, кој изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица. Увид на местото на настанот извршила екипа на полициската станица во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани