ВМРО ДПМНЕ:Зошто е прекината изградбата на автопатот?

ОО на ВМРО ДМПМНЕ од Охрид, на прес конференција, денеска праша зошто се прекинати градежните активности на автопатската делница Кичево-Охрид?

Ангел Јанев, заменик градоначалникот и советник од ВМРО ДПМНЕ, рече дека на радост на граѓаните, на овој дел започна проектот автопатската делница од Кичево до Охрид, кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација.

-Ова е капитален проект кој преставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри, преставува дел од Паневропскиот коридор 8, рече Јанев и укажа на значајноста и потребата на овој нов автопат за луѓето/патниците кои гравитираат околу Кичево, Дебрца, Охрид и цела Македонија. Сигурно не треба да се укажува дека овој автопат треба/требаше да биде од огромно значење и за домашните и странските туристи, заклучи Јанев. Деновиве сме сведоци дека градежните активности на се она што треба да преставува автопат се замрени, рече советникот и во името на голем број на граѓани праша зошто се преќинати градежните активности на оваа автопатска делница и го искажа барањето за продолжување на изградбата и завршување на автопатот до крајниот рок, бидејќи,како што нагласи Јанев, токму овој проект, автопат Кичево – Охрид е проект кој е потребен за сите.
Дали ова преставува „Живот“ за граѓаните на Охрид и на овој дел од Македонија – за Владата предводена од СДС, незнаеме, но со сигурност знаеме дека на овој автопат мора да бидат продолжени градежните активности, беше речено на денешната прес конференција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани