Охрид домаќин на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Од денеска, Охрид е домаќин на третиот меѓународен ракометен камп „Кирил Лазаров 7’.

Во Охрид, на кампот е присутен и капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров кој до пред два дена ја предводеше Македонија до нов пласман на ЕП. Околу 300 учесници од Македонија, но и од десетина други земји од регионот и пошироко, во две смени од денеска до 2 јули ќе работат со докажаниот тим на ракометни професионалци.

„Поголемиот дел од децата кои се пријавени и на ова трето издание се деца од претходните години,што ни укажува дека се задоволни и се враќаат и не само тие туку и нивните родители и да си посакаме среќа и добри временски услови, Охрид е можеби најдоброто место за организирање на еден ваков камп“, изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров .

Идејата е овој камп е да стане традиција и да се одржува секое лето, помагајќи им на младите да навлезат во тајните на ракометната игра. Годинашни гости на кампот ќе бидат и еминентни експерти кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓунив ќе биде и Борче Маркоски актуелниот селектор на Македонската младинска ракометна селекција, нашите тренери, како и Наташа Коцевска која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд.

Покрај спортските тренинзи на кампот ќе има многу дружење и забава, а за самиот крај на кампот оваа година ќе се организира и маскенбал, на кој учесниците ќе може да го покажат својот талент за пеење, танцување, глума, музика, цртање и многу други вештини. Кампот како и претходните две и оваа година ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани