Прибе ќе предава во Охрид

Во петок во Охрид доаѓа Ранјхард Прибе, раководителот на комисијата која во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи што земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ. Тој, во рамките на Охридската школа на природното право, ќе одржи предавање на тема „Демократија, владеење на правото и човекови права – релевантноста на вредностите на Европската Унија за земјите кандидатки“.

На школата што во организација на МАНУ беше отворена на 19 месецов и ќе трае до крајот на неделава, најавени се предавања на министерот за правда, на специјалните обвинителки како и на еминентни професори од правните факултети од земјава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани