Ифтарска вечера за граѓаните муслимани во Охрид

Општина Охрид, за граѓаните од муслиманска вероисповест, денеска со почеток во 20 часот, на плоштадот Крушевска Република, организира Ифтарска вечера.

Во името на соживотот,мирољубието и човекољубието, градоначалникот Бакрачески упатува јавна покана до сите граѓани од муслиманска вероисповест да дојдат на Ифтарската вечера. На вечерата, ќе присуствува и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој денеска беше во посета на Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани