Охриѓанец си купил кола без пари

29 годишен охриѓанец, од повозрасен сограѓанин купил автомобил „Волво“ и не му ја платил.

29 годишниот Г.Д. се договорил со 68 годишниот охриѓанец В.ц.за купопродажба на возило марка „Волво” 460 ТД со охридски регистарски ознаки,во износ од 16.500,оо денари.Парите, сега веќе оштетениот и измамен В.Ц. требало да ги добие на три рати но воопшто не ги добил по што случајот го пријавил во полиција, која на „купувачот“ Г.Д. му поднела кривична пријава за „измама“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека пријавениот го пресретнал оштетениот пред пекара на улицата ,,Момчило Јорданоски” во Охрид и усно се договориле оштетениот да му продаде возило марка ,,Волво” 460 ТД со охридски регистарски ознаки за износ од 16.500 денари. Додава дека пријавениот требало да му ги исплати парите на три рати почнувајки од март 2017 година.
Во повеќе наврати оштетениот телефонски контактирал со пријавениот, но до денот на пријавување ги немал добиено паричните средства.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани