Ментор на третата музичка работилница во Спомен куќата на Тоше во Крушево „Krusevo Workshop 2017”, е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиновски.
Дамјан, на триесеттина млади гитаристи од Македонија, следниве три дена ќе им открие дел од своето знаење, техники и пристап во свирење гитара.На 22 јуни-последниот ден од „Krusevo Workshop 2017”ќе биде одржан заеднички концерт на сите учесници што ќе се одржи пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот. „Krusevo Workshop 2017” има за цел да го популаризира свирењето на гитарата но и да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Трето Уво.