Охрид повторно се „тресе“

За два дена, дури три силни земјотреси почувствувани во Охрид.

Попладнево во 15 часот и 11 минути во близина на Ресен имаше земјотрес со јачина од 3.7 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 10 километри од Ресен. Земјотресот бил краток и силен, на три километри длабочина, а го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга. Засега нема информации за жртви или материјална штета, граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека земјотресот предизвикал паника и многумина избегале од своите домови.

Пред само два дена, Охрид го „здрмаа“ два потреси, првиот во 02 часот и 01 минута со јачина од 4,1 степени според Рихтер а вториот во 08 часот со интензитет од 2,9 степени. Епицентарот на овие потреси беа на 8 километри од Косел.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани