Автобус удрил дете во Струга, во Радожда деца пронашле граната

Два настана ги вознемирија стружани.

Дете е тешко повредено во сообраќајка случена вчера во Струга а група малолетници пронашле граната од езерото кај селото Радожда. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, сообраќајната незгода се случила вчера во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга. Автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.
-Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга, соопшти Димоски.
Портпаролот информира и за граната пронајдена вчера од малолетни деца на брегот на езерото кај селото Радожда. Вчера, околу 11.00 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од с.Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во с.Радожда.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани