Пожар избувнал во возило „Ксантија“.
Вчера утро во 07,25 часот во СВР Охрид, пријавен бил пожар во автомобил на паркинг во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ во Охрид.
-Пожарот што се случил во патничко моторно возило марка „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на М.К. од Охрид, бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица, стои во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид.
