Бадникова поворка по шести пат во Охрид

Стотици  деца  едногласно ќе ја пеат песната Вечниот бог, за ова Бадниково утро по шести пат  со свеќи во раце, кандила и ѕвезди ќе го наговестат  Христовото раѓање во Охрид.

 

Децата ќе ги поминат  централните градски улици а на крајот ќе одат на  молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”. 

На градскиот плоштад ќе добијат подароци од градоначалникот.

Ова е шеста година по ред во Охрид да се организира величествената Бадниковата поворка полна со колендарчиња кои сееат радост низ целиот град.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани