Еколошката свест и грижата за Охридското езеро на исклучително ниско ниво.
Нуркачите на „Акватек“ објавија фотографии со бели вреќи со непозната содржина пред хотел „Ројал“ на кејот „Македонија“, на само неколку метри од брегот.
Пред два дена под вода беа пронајдени остатоци од правосмукалка и перална.
-„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, длабочина од 3 метри.
Продолжувам со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот.
Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот“ , вели Никола Паскали од НК „Акватек“ Охрид.