Бесправна сеча во Присовјани.
На 01.06.2021 година, полициски службеници од СВР Охрид, во содејство со претставници на шумската полиција и инспектори по шумарство, на подрачјето на планината Караорман, презедоа мерки со цел спречување на бесправна сеча на дрва. Притоа, во атарот на селото Присовјани забележана е бесправно пресечена дрвна букова маса која е одземена. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
