„Билјанини извори“ со донација за геријатрија Охрид

ЈП “Билјанини Извори” денес   во одделот за геријатрија при Општата болница – Охрид донираа  6 анти декубитни душеци и две ПВЦ врати за потребите на одделот.

Донацијата од страна на ЈП “Билјанини Извори” официјално ја предаде директорката на претпријатието  Гордана Јованоска.

-„ Оваа скромна донација е еден мал придонес од нас како општествено одговорно претпријатие во насока на подобрување на секојдневните услови на сите присутни во одделот за геријатрија“, истакна Јованоска. 

ЈП Билјанини Извори и во иднина ќе продолжи да се однесува општествено одговорно во рамките на можностите на претпријатието.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани