Битолчанец фатен со кокаин во Охрид

32 годишен битолчанец го фрлил кокаинот откако ги забележал полицајците.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ч. (32) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 30.07.2018 година околу 00.00 часот на локалниот пат од плажа ,,Голден бич“ кон плажа ,,Немо“ во Охрид, при контрола над паркирано патничко возило, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла 2,17 грама кокаин, по што се почнал да бега со уште едно лице кое било со него. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани