Благовештение – празникот на благата вест

Денеска е Благовец, денот кај народот познат како „Прв ден Велигден”.

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“.На денот, се оди на именден кај оние што го носат името Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.Според верувањата, на Благовештение жените не требало да се чешлаат а оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, каде иконите посветен на Благовештение и да се помолат.

Благоец годинава се пада во истиот ден со  Велика Сабота. Па затоа наместо празнично риба црквата дозволува пост со масло. 

Social profiles