Блескав старт на манифестацијата „Вдиши театар“

Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на отворањето на шестото издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШАТ ТЕАТАР“.

Со музичко-сценскиот перформанс „ВДИШИ ТЕАТАР 5“ младите на Црвен крст Охрид на креативен начин направија кратка ретроспектива на сите 5 претстави на Црвен крст Охрид кои го отвараа театарскиот фестивал Вдиши Театар од 2014 година и ја најавија овогодинешната театарска претстава на Црвен крст Охрид со наслов „ДОМИНО“ во режија на Јован Цветкоски, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.
Публиката не ги криеше емоциите и воодушевувањето од вештините и креативноста со кои младите талентирани актери аматери на Црвен крст Охрид сликовито ги пренесоа пораките дека животот е како ДОМИНО и кога ќе се случи некој настан, тоа предизвикува да се случи нешто друго, па нешто трето, и така сѐ со ред, додека не дојде до некоја кулминација од таа серија настани…а животот е полн со настани кои неизбежно се случуваат.

Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Битола, кои вечерва, 13.06.2019 г., во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. ќе ја изведат театарската претстава „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“, од Коле Ангеловски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани