„Блеснаа“ болничките цркви во Охрид

Болничките цркви Свети Никола и Света Богородица од синоќа блескаат во ново руво.

 

Лајонс клубот „Лихнидос“ се погрижи за уредувањето на овие мошне значајни цркви во градот.

Токму на нивно место, во близина на Долна Порта ,  во среден век бил првиот карантин во Европа. 

Затоа и се наречени болнички цркви. Се наоѓаат една наспроти друга  каде што некогаш бил влезот Долна порта. 

Болничките цркви не само што се на мошне атрактивна локација во срцето на стариот дел на градот, тие во себе кријат трајни вредности кои датираат од 14, 15 и 19 век.


Во црквата Св Богородица Болничка е сочуван огромен дел од живописот кој датира од нејзиното настанување во 14 век. Во рамките на црквата се наоѓа и единствениот резбан иконостас во стариот дел на градот кој датира од 1833 година изработен од Никола Дарковски од Лазарополе.


Во црквата Св Никола Болнички пак, се наоѓа посебна камбанарија за која се вели дека е единствена од ваков вид на македонските простори, градена под влијание на архитектонските трендови присутни на Јадранот. 
Културно историските вредности кои ги чуваат Болничките цркви заслужуваат да бидат видени од  бројните гости кои го посетуваат Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани