Жителите на кичевското село Другово денеска ќе излезат на протест во 10:30 часот со блокада на регионалниот пат за Охрид.
Или канализација или Охрид преку Прилеп“, стои во нивната парола.
Тие ќе протестираат поради ветената канализација, која уште не ја добиле.
-„Негрижата на локалните власти и покрај обезбедените финансиски средства го оставија Другово со недовршена канализација која тече по улиците и дворовите на луѓето“, се жалат жиелите.